| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се задушил во пожар предизвикан од шпоретот на дрва

Вчера во 11.30 часот во ПС-ОН-Крива Паланка било пријавено дека во с.Дурачка Река, Орце И.(50) починал како последица на гушење од чад, откако од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и алишта.

Увид на местото на настанот извршиле инспектори од НККР, а од страна на лекар од ЈЗО-Куманово констатирано е дека нема траги на насилство и дека причината за смртта е труење со јаглероден моноксид.

Со согласност на јавен овбинител, телото на починатиот е оставено на семејството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top