| четврток, 6 декември 2018 |

Сочувајте го доброто здравје: Три чекори до мирен сон

спие

Во совршениот свет вие би спиеле барем осум часа во текот на ноќта, во длабок сон. Меѓутоа, секојдневниот стрес влијае врз лачењето на кортизол кој му пречи на здравиот сон. За среќа, врз некои работи е можно да се влијае.

Во совршениот свет вие би спиеле барем осум часа во текот на ноќта, во длабок сон. Меѓутоа, секојдневниот стрес влијае врз лачењето на кортизол кој му пречи на здравиот сон. За среќа, врз некои работи е можно да се влијае…

Изложете го телото на сончеви зраци Обидете се, во рок од 5 минути откако сте се разбудиле, да излезете на сонце, барем на половина час, за вашиот организам да сфати дека е време за будење. Неодамнешно истражување покажало дека оние работници кои во текот на денот биле изложени некое време на природна светлина, во текот на ноќта спиеле во просек 46 минути подолго од своите колеги.

Вежбајте исклучиво во утринските часови. Утринските вежби, не само што го спуштаат нивото на кортизол во наредните 12 часа, туку 30 минути кардио вежби ви овозможуваат побрзо да заспиете, да спиете подолго и да поминете 75% повеќе време во состојба на длабок сон од луѓето кои се навикнати да вежбаат во попладневните часови. Истиот ефект ќе го има и јогата.

Навечер конзумирајте јаглени хидрати Лачењето на инсулин, кое е особено изразено после оброк богат со интегрален ориз или паста, би можело да ви помогне побрзо да заспиете, покажале резултатите на едно истражување објавено во магазинот „Cell”. Ограничете се на 15­20 грама јаглени хидрати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top