| четврток, 6 декември 2018 |

Србија би можела да ја легализира евтаназијата

бол

Србија наскоро би можела да ја легализира евтаназијата или „убиството од милосрдие“ и тоа само во исклучителни случаи и со согласност на пациентот или на неговите најблиски роднини.

Како што јави Танјуг, со новиот Граѓански кодекс, кој е ставен на јавна расправа до јуни годинава, се предвидува „правото на физичко лице за доброволно и достоинствено прекратување на животот“.

Во предлогот се наведува дека условите и постапката за остварување на правото на евтаназија ќе бидат регулирани со посебен закон, како и дека злоупотребата на оваа можност за остварување на материјална или друга корист ќе биде основа за кривична одговорност.

Со сегашните закони во Србија убиството од милосрдие се смета за кривично дело.

Белгија во 2002 година стана прва земја во светот што ја овозможи евтаназијата на лица постари од 18 години. Потоа, евтаназијата, во строго утврдеи успови, беше легализирана и во Холандија, Франција, Луксембург, Швајцарија, Норвешка, Данска, Германија и Австрија.

Во Велика Британија евтаназијата е забранета, но лекар може да му даде силна доза морфиум на пациент на смртна постела и да му го прекрати животот. Во Шпанија пак, каде влијателната Католичка црква жестоко се противи на правото на евтаназија, пацинет може доброволно да се откаже од лекување и примање терапија.

Во Грција и Романија евтаназијата е стого забранета и лицето што ќе помогне во нејзино извршување може да заработи и до седум години затвор. Во Полска и Ирска пак за извршена евтаназија е превидена затворстка казна во траење од пет до 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top