| четврток, 6 декември 2018 |

Сменет шефот на полицијата во Келн

Шефот на полицијата во Келн Волфганг Алберс е сменет денеска од должност по критиките поради реакциите на насилните инциденти за времена новогодишната ноќ.

Според извори на кои се повикуваат западни медиуми, Алберс (60) бил информиран од  министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија дека треба да замине во предвремена пензија.

Официјална потврда се очекува до крајот на денот, јавуваат германски медиуми.

Германската јавност беше во шок по објавата дека на 31 декември имало голем број сексуални напади, силувања и ограбување жени во неколку германски градови при што извршители биле воглавно мажи од северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top