| четврток, 6 декември 2018 |

Пенисот ви покажува колку ќе живеете

Научниците од Универзитетот Мисисипи предупредуваат дека мажите кои страдаат од еректилна дисфункција имаат 70 отсто поголеми можности прерано да починат.

Иако е универзалното мислење дека еректилната дисфункција (пореметување кај кое мажот не може да го постигне или одржи ерекција до завршувањето на сексуалната активност) патат воглавно старите мажи, но многу е раширена и меѓу помладата популација.

Речиси 20% од мажите помлади од 40 години го имаат овој проблем.

„Оваа состојба може да води кон кардиоваскуларна болест која го зголемува ризикот од прерана смрт. Веќе е познато како еректилната дисфункција е поврзана со кардиоваскуларниот фактор на ризик, вклучувајќи и хиперлипидемија (ненормално високо ниво на маснотии во крвта, холестерол и триглицерид), хипертензија (висок крвен притисок), дијабетис и пушење – објаснуваат научниците од Универзитетот Мисисипи.

До тој заклучок дошле откако ги проучиле податоците од 1790 мажи стари меѓу 20 и 85 години кои биле дел од анкетата за Испитување на националното здравје и исхрана од 2003 и 2004 година. Меѓу останатото прашањата покривале и детали за ерекција.

Тие податоци се поврзани со крајот на 2011 година со податоци од оние кои во меѓувреме умреле и заклучуваат како еректилната дисфункција е влијателна за прераната смрт.

Научниците открија дека 557 испитаници од ова истражување имале проблем со ерекцијата, а особено во осумгодишен период 244 умреле. Кај 61 % причината за смрт биле кардиоваскуларните болести 64 починати од малгинални неоплазми, 12 од хронични респираторни болести, а останатите поради други причини.

Во предвид ги земале возраста, телесна активност, националноста, обликот на струкот, одот… На крајот заклучиле дека испитаниците кои пателе од еректилна дисфункција имаат 70% поголема шанса за прерана смрт.

Но, научниците напоменуваат дека ваков резултат од нивното истражување сепак треба да се земе во предвид со одредено предупредување дека е потребно уште многу истражувања за да повеќе се дознае за тој проблем.

Имено во прашање е колку поедини испитаници реално ја оценуваат својата ерекција, односно проблемите со неа. Студијата ја објавиле во списанието Journal of Sexual Medicine.

Научниците од Универзитетот Мисисипи предупредуваат дека мажите со еректилна дисфункција дури 70% имаат пократок живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top