Скопјанка останала без златен накит и речиси 1.300 евра откако арамија провалил во нејзиниот дом.
Според податоците од Министерстовто за внатрешни работи, за време на викендот непознато лице со насилно отворање на балконската врата влегло во куќата на 32-годишната Г.М. на улицата Сремски фронт во Скопје.
Арамијата од нејзиниот дом зел околу 1.300 евра во различни апоени и разновиден златен накит причинувајќи вкупна штета од преку 3.000 евра.
Полицијата трага по арамијата кој избегал во непознат правец со богатиот плен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.