Шест лица загинаа, а 30 се повредени на северот на Турција во судар на автомобил со автобус со бегалци кои патувале кон Грција, јавија турски медиуми.
Анадолија наведува дека во автобусот се наоѓале бегалци од Сирија, Авганистан и Мјанмар.
Нивниот автобус на мостот во провинцијата Чанаккале се судрил со автомобил и паднал во река.
Во сударот загинале и лица од автобусот, како и патници во автомобилот.
Бегалците патувале кон северниот турски брег на Егејското Море, од каде требало да се обидат да се префрлат до грчкиот остров Лезбос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!