Белгискиот фудбалер, Аксел Витсел е многу баран оваа зима, а Зенит одби неколку понуди за него, пипува „Суперспорт“. Најмногу интерес во минатото покажа Милан, но Зенит секогаш ги одбиваше неговите понуди. Според англиските медиуми, Зенит одлучи конечно да попушти кога станува збор за Витсел и ја прифати понудата на Тотенхем.
Изворите кажуваат дека клубот од Лондон му понудил на Зенит 27 милиони евра за овој фудбалер и дека рускиот клуб ја прифатил оваа понуда.
Витсел оваа сезона во руското првенство одигра 18 натпревари и постигна 1 погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.