Водолијата е независна личност и секој обид да ја задржите или ограничите ќе направите да побегне.
Дамите во овој хороскопски знак се слободни, а независноста не е само желба туку е неопходна за нејзината благосостојба и среќа.
Водолијата има тенденција да биде бунтовник, нејзината упорност некогаш е причина за неуспех но таа сепак ќе продолжи да го прави тоа што го наумила.
Но и покрај нејзината упорност таа никогаш нема да го наметнува своето мислење на другите, бидејќи ја почитува разновидноста во мислењето.
Водолијата е во постојана потрага за мудрост, а дамите родени во овој знак се остроумни и собираат информации за се на многу објективен начин бидејќи не дозволуваат емоциите да им пречат. Понекогаш тоа може да е шокантно и да ги повреди чувствата на другите, но тие секогаш ја кажуваат вистината во лице.
Водолијата е хороскопски знак на визионерство, неконвенционалност и интелектуална независност. Тие уживаат кога се интелектуално стимулирани, постојано се во потрага по ново знаење и нови мислења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.