| четврток, 6 декември 2018 |

Бековскиот тандем Де Коло – Теодосиќ му пресуди на европскиот шампион

CSKA Moscow vs Real Madrid

Во рамките од второто коло во топ-16 фазата по групи, во Москва се одигра дербито меѓу ЦСКА и актуелниот европски шампион Реал Мадрид. Домаќините уште еднаш покажа зошто важат за главен фаворит за титулата во Евролигата откако убедливо славеа со 95-81.
ЦСКА во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот, а кратки блесоци на „кралевите“ беа успешно стопирани од фантастичниот бековски тандем Нандо Де Коло – Милош Теодосиќ кои вкупно уфрлија 51 поен. Французинот беше стрелец на 28, а Србинот на 23 поени. Кај Реал Мадрид најефикасни беа Риверс со 23 поени и Ајон, кој оствари дабл-дабл од 14 поени и 10 скока.

Во вториот дуел, македонецот на клупата на Дарушафака, Октај Махмути на домашен терен со својот тим доживеа непријатен пораз од Цедевита со 72-79. Иако во текот на целиот натпревар имаа минимална разлика која ја контролираа, натпреварот и избега од раце на една и пол минута до крајот. Најефикасен на Дарушафака беше Семих Ерден со 13 поени, додека кај гостите од Загреб незадржлив беше со 25 коша.

Вечерва уште се играат и натпреварите Лаборал Куча – Олимпијакос и Барселона Химки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top