| четврток, 6 декември 2018 |

Словачка нема да двои за Фондот за мигранти и нема да прима бегалци

robert ficoСловачка нема да вложува финансии за решавање на миграциската криза во никакви фонди, изјави на прес-конференција во Братислава словачкиот премиер Роберт Фицо.

Според него, како што јави дописникот на МИА, Братислава ќе помага само за заштита на надворешната граница на Шенгенскиот простор.

– Ќе дадеме пари, ама не сакаме да завршат во некакви фондови за храна, туку во безбедносните структури, кои ја штитат надворешната граница. Само така ќе се запрат нерегулираните миграциски текови, рече Фицо.

Тој смета дека Словачката Република треба да биде обезбедена пред заканите и за него единствен пат е да се минимализираат ризиците, да се спречи создавање на интегрирана муслиманска заедница во Словачка.

– Тоа може да се случи ако се исполнат задолжителните квоти, додаде Фицо мислејќи на квотите на примање бегалците, кои се задолжителни за земјите на ЕУ.

Тој осврнувајќи се на случувањата во Германија, каде сексуално биле нападнати и ограбувани жени, рече дека не сака тоа да се случува и во неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top