Божик се празнува како сппомен на денот на Христовото раѓање. Иако Велигден е најголем христијански празник, кој уште се нарекува празник над празниците, најинтересните обичаи се врзани токму за Божик и празниците кои следуваат по него. Тие неколку недели околу Божик претставуваат најубав и најсвечен период во текот на целата година. Божик особено е празник за децата и семејството.
Божикна литургија
На Божик рано наутро ѕвонат црковните ѕвона, а семејствата се облекуваат во свечена облека и заминуваат в црква на утринска Божикна литургија. Оние кои се подготвени се причестуваат, додека останатите по литургијата примаат нафора која на Божик се зема по секое второ јадење. По излегувањето од црква се поздравуваат со зборовите: „Христос се роди! и отпоздравуваат со „Навистина се роди!“. Овој поздрав се користи до Богојавление.
Положникот е првиот гостин кој влегува во кучата на Божик. Топа е драг гостин чие доаѓање обично е договорено однапред со домакинот, но може да биде и случаен посетител. Тој се дочакува на посебен начин. Кога ќе влезе тој поздравува и си честита со домакините. Домакинката гхо служи положникот и потоа го дарува со подготвениот подарок. Положникот симболички ги претставува Мудреците од Исток кои следејќи ги ѕвездите дошле да се поклонат на новородениот Исус. Се верува дека тоа е човек кој во текот на целата година ќе носи среќа во куќата.
Погачата се меси на Божик наутро
Обичаите велат дека погачата со паричка, наречена чесница, бидејќи таа се меси во чест на Исус и претставува дар за него, никако не смее да се прави однапред на Бадник. Името чесница потекнува од чест, која е стар збор за парче, делче…Овој назив го означува тоа дека погачата се крши за ручек, односно секој од домашните треба да скрши праче колкаво сака. Со овој обичај членовите на семејството се учат на скромност бидејќи не смеат да откинат голем дел.
Постои и верување дека на Божик момчињата треба да и подарат јаболко на девојката што им се допаѓа. Ако девојката го прифати јаболкото, тогаш таа сигурно ќе биде негова во текот на следната госина.
Се верува дека кога на Божик ке врне снег дека годината ќе биде родна. Обичај е на првиот ден на Божик никој да не доажа во посета освен положникот и празникот да се прославува во кругот на семејството.
По завршувањето на божикниот ручек обичај е софрата да не се раскрева три дена, а во тој период ни куќата не се чисти, па сламата останува на подот до Свети Стефан (8 јануари).
Добро е по ручекот на Божик симболично да се почне некоја работа за луѓето цела година да бидат вредни и за да им се завршува работата. Особено убав обичај е бакнувањето и честитање на Божик по излегувањето од црква, бидејќи тогаш и скараните ќе се смират.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати