| четврток, 6 декември 2018 |

На годишнината од нападот на „Шарли Ебдо“ нови терористички напади во Париз

Француската полиција застрелала и убила човек кој наводно трчал вооружен со нож кон полициска станица во Барб, во северен Париз, јавуваат агенциите.

CYHUdfjWYAAVsvQ

Полицијата потврди дека човекот се обидел да влезе во полициската станица вооружен со нож, јавува Ројтерс. Нападот се случи на годишнината од терористичките напади на редакцијата на сатиричниот неделник Шарли ебдо. Светските агенции шпкулираат дека напаѓачот планирал да изврши самоубиствен терористички напад.
CYHVxsDWcAAA_fC
Британските медиуми јавуваат дека на лице место има и пиротехничка екипа, додека Њујорк тајмс јавува дека на локалните жители во областа каде што се случил нападот им било кажано да ги избегнуваат прозорците и балконите.
Ројтерс пренесува дека француското министерство за внатрешни работи објавило дека е можно напаѓачот на себе да имал самоубиствен експлозивен појас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top