| четврток, 6 декември 2018 |

Австрискиот „Љубов“ најдобар филм според филмските критичари

„Љубов“ веќе ја доби наградата за најдобар европски филм и е австриски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

„Љубов“ на Михаел Ханеке е избран за најдобар филм според оценките на Националното здружение на филмски критичари. Здружението го сочинуваат 60 еминентни филмски критичари од САД од разни весници, списанија и медиуми кои се состанаа во саботата во Линколн центарот во Њујорк.

Филмот, кој е австриско-француско-германска продукција говори за еден пар во поодминати години кој се соочуваат со тешка болест. „Љубов“ веќе ја доби наградата за најдобар европски филм и е австриски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Наградата за најдобра актерка ја доби Емануел Рива, која ја толкува главната женска улога во „Љубов“, а Ханеке е прогласен за најдобар режисер. Дениел Деј Луис е избран за најдобар актер. Тој ја толкува главна улога во американскиот филм „Линколн“. Метју Меконахи е прогласен за најдобар спореден актер за улогата во филмот „Волшебниот Мајк“, а Ејми Адамс е избрана за најдобра споредна актерка за улогата во филмот „Матер“.

Наградите на филмските критичари се меѓу последните кои се доделуваат пред прогласувањето на номинациите за престижниот „Оскар“ на 10 јануари. Свеченото доделува на „Оскар“ оваа година е на 24 февруари во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top