Северна Кореја соопшти дека извршила успешно детонирање на хидрогенска бомба. Во соопштението од Владата кое го пренесе државната телевизија, се вели дека севернокорејската нуклеарна програма се издигнува на следното ниво и земјата си обезбедува оружје за заштита од непријателите. Светот е во паника. Советот за безбедност при Обединетите нации свика итен состанок.
Властите во Северна Кореја, постојано шират анти-американска реторика и повеќе пати упатија закани кон Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека тие ја загрозуваат нивната безбедност. Ваквата политика трае уште од корејската војна во педесеттите години, кога САД интервенираше на страната на Јужна Кореја.
Хидрогенската бомба е многу помоќна и технолошки понапредна од атомското оружје. Функционира на принцип на фузија, односно на спојување на атомите, при што се ослободува огромно количество на енергија, со разурнувачки ефекти. Атомската бомба пак ја користи енергијата од фисија, односно разделба на атомите.
Странските експерти, сепак се сомневаат во капацитетот на Северна Кореја за создавање на ваков тип на оружје. Поголема веројатност според дел од нив има тестирањето да било на некој вид засилена атомска бомба, со елементи и на фузија и фисија.
Изминатите години Северна Кореја изврши три нуклеарни проби, а како одговор на тоа Советот за безбедност на Обединетите нации воведе различни санкции кон државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит