Околу 150 деца од основните училишта и детската градинка во Ресен со импровизираната пештера во која се родил Исус Христус денеска продефилираа низ градските улици, пеејќи ја свечената коледарска песна „Вечниот Бог“ со што првпат во Преспа се одржа свечена коледарска литија.
Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот Ѓоко Стрезовски и неговото семејство, а во организација на Општина Ресен и ресенското архиерејско намесништво на Македонската православна црква.
Градоначалникот Стрезовски на учесниците во литијата им подари коледарски пакетчиња, а беше организирана и посна коледарска трпеза.
– Очекувам дека овој настан ќе прерасне во традиционален. Општината секогаш излегува во прсрет за вакви манифестации, изјави Стрезовски.
Отец Михаил Матвеев во име на Ресенското архиерејско Намесништво исто така изрази надеж дека свечената литија ќе прерасне во традиција во Преспа.
Пред литијата во црквата „Свети Ѓорѓи“ се одржа свечена боженствена литургија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст