Станија Добројевиќ се спореди себе си со Ким Кардашијан поради што голем број на нејзини следбеници ја исмејуваа на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа на социјалната мрежа споделила фотографија на која позира во тесен црн фустан од латекс, каков што Ким носеше пред две години.
Станија направила колаж од фотографии каде себе си се споредила со Ким и токму поради тоа доби голем број на негативни коментари.
-Ниту Господ тебе не може да ти помогне. Се фалиш како копираш луѓе!Тој фустан Ким го носеше пред две години. А ти грев од девојка се фалиш со таков фустан кога цената му е речиси без пари, цели 90 отсто е поевтин и секој може да го купи. Никогаш ти нема да бидеш како Ким, таа е една во светот, а такви како тебе има да ги менуваш ко евтини чорапи за една употреба. Можеш само да сонуваш да бидеш како Ким. Сакаш да ја копираш Ким Кардашијан а таа ја измислила убавината за такви како тебе. Неа цел свет ја знае, а тебе евтина девојко те знаат само оние кои ни самите не вредат, па ќе ти фрлат некои 100 евра и ќе глумите лудило дека сте познати – се само некои од коментарите на сметка на српската старлета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.