| четврток, 6 декември 2018 |

Што му се случува на вашиот пенис кога температурите се под нула?

Сте се облекле топло бидејќи знаете дека надвор се ниски температури. Тука се зимска јакна, џемпер, зимски панталони…но, зимата како да се вовлекува под јакните, џемперите и останатата гардероба дури и под долната облека.

Razno033-620x350

Ако по тоа мрзнење отидеме во тоалет имаме што и да видиме. Поточно и немаме многу нешто да видиме.

-Каде ми е пенисот, знам дека  беше тука кога излегов?- се прашува речиси секој маж во ваква ситуација.

Нема причина за загриженост. Станува збор за чиста биологија. Пенисот е сочинет од сунѓересто ткиво, а познато е дека сунѓерот може да се собере и да стане помал од што е. Сунѓерестото ткиво на пенисот е исполнето со крв, а што се однесува до големината на пенисот, математиката е едноставна – колку повеќе крв толку пенисот е поголем и обратно.

Така функционира и ерекцијата. Пенисот се полни со крв, поради возбуда, а последица на тоа е ерекција, коај подразбира и знатно зголемување. Кога крвта ќе се повлече, се повлекува и големината – но што се случува кога е студено?

penis1

Кога е студено, нашиот организам тежнее да ја повлече целата крв од периферните крвни садови, за да ја насочи кон виталните органи, за кои е најважно да бидат топли. Без крв прво остануваат екстремитетите, кои и се најистурени, бидејќи тука најмногу се губи топлина, а најмалку е потребна, па така нашиот пенис останува без големина.

Нашето тело се уште не разбрало дека повеќе не боли недостаток на големина од што  настинка и студ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top