| четврток, 6 декември 2018 |

Боцата експлодирала за време на семејниот ручек

Две силни последователни експлозии се случија попладнево во семејна куќа во скопското село Драчево.

До пожарот дошло по експлозијата на плинска боца во куќа со доградба, во која живееле тројца браќа со семејствата. Во моментот на експлозијата речиси сите биле собрани на ручек, објави Алфа.

Во страотната експлозија повредени се 8 лица кои со возила на итна помош биле префлени на ургентен центар и во градската болница Св. Наум Охридски. Повеќето од повредените имаат тешки изгореници.

Противпожарните бригади успеаја да го спречат ширењето на пожарот кон другите куќи, и сега е ставен под контрола. На лице место се увидни екипи на СВР Скопје и возила на брза помош.

Како првична информација како настанал пожарот е посочено дека експлозијата се случила додека се монтирало грејно тело со плински боци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top