| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавете на ботоксот, тајната на младешкиот изглед е во сексот

сексНиту скапи подмладувачи и третмани со креми, ниту ботоксот и хируршките зафати се решение за задржување на младоста. Ниту едно од нив нема да ви треба, доколку покрај себе имате добар партнер за секс. Неодамнешните истражувања докажале дека одредени секс – пози ги бришат годините од лицето, па запознајте со три положби кои ќе ве подмладат подобро отколку било кој вештачка метода. Во прашање се: Мисионерска поза, лотус поза и позата во која нозете на жената се подигнати на рамената на партнерот.

За секс е потребно многу енергија, акцијата под чаршавите се смета за еден вид аеробни вежби. Тоа значи дека сексот ја поттикнува циркулацијата и го јакне имуниот систем, а со самото тоа и доведува до подобра циркулација на лицетот, што обезбедува младешки изглед.

Сексот истовремено ослободува од стрес, а познато е дека нервозата и напнатоста го забрзуваат стареењето. Истовремено, луѓето кои имаат активен сексуален живот често се смеат и се чувствуваат полни со самодоверба, а познато е дека се оптимистите и среќните луѓе изгледаат помладо од оние намрштените и негативните.

Затоа нема причина уште денеска да не почнете со најзабавниот, најздравиот и најефикасниот начин за „пеглање“ на брчките од лицето, а ако имате секс барем четири пати неделно ќе изгледате помладо за 10 години, за разлика од оние жени кои немаат активен сексуален живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top