Германската јавност е во шок после откритието дека во новогодишната ноќ дошло до повеќе сексуални напади, силувања и кражни во неколку поголеми германски градови, чии сторители воглавно се мажи од северна Африка.
– Целосно е неприфатливо нашите градови да станат зони на безаконие. Нашите граѓани и нашите гости мора да се чувствуваат безбедно – изјави градоначалничката на Келн, Хенриета Рекер.
За денеска е закажан кризен состанок на кој претставници на политичките партии и полицијата ќе се обидат да анализираат како дошло до ескалација на новогодишната ноќ кога, според сегашните сознанија, група од неколку илјади странци од арапско т.е. северноафричко потекло, започнала да дивее на железничката станица во Келн.
Притоа дошло до масовно сексуално злоставување на жени, кражби, а пријавен бил и еден случај на силување.
– Беше страшно, ги имаше стотици, нè обиколија и сексуално нè злоставуваа – изјавила една од многуте Германки кои поднеле казнена пријава.
Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Јегер, најавил дека полицијата систематски ќе го обработи секој случај и во иднина полицијата ќе биде присутна на сите чувствителни места.
– Ние нема да прифатиме мажите од северна Африка да се организираат и беспомошните жени да ги понижуваат со дрски сексуални напади – ијзави Јегер.
И сојузниот министер за правосудство, Хеико Мас најавил казнување на сторителите „до последен“.
Според актуелните сознанија на полицијата, меѓу сторителите имало и голем број на баратели на азил од северноафричките земји на возраст од 15 до 35 години кои со оглед на тоа што немаат шанси да добијат траен статус на бегалци, доаѓаат во Германија за да се занимаваат со криминал.
Откако медиумите започнаа да пишуваат за тоа што се случило во Келн, од другите градови како Штутгарт и Хамбург пристигнаа вести за слични случувања.
Како што пренесува „Хафингтон Пост“, трговијата со дрога во Келн и во другите поголеми германски градови е „цврсто во рацете“ на северноафричките банди кои во прифатилиштата за бегалци регрутираат нови криминалци.
Нападите за новогодишната ноќ во Келн и во останатите германски градови, како што изјави претседателот на полициската управа на Келн, Волфганг Аберс, претставуваат една „нова димензија“ на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст