Автомобил со македонски регистарски таблици се запалил додека се движел на улицата „Шпански борци“ во Нов Белград, јавува „Блиц“.
Набрзо потоа противпожарната екипа излегла на терен и го изгасила запалениот автомобил.
Пожарот избувнал поради дефект на моторот, поради што се запалил предниот дел на возилото додека се движело по улицата, велат од српското МВР.
– Наша екипа беше на терен и констатираше дека возилото со македонски регистерски таблици се самозапалило поради неисправен мотор. Пожарот не предизвика штета на околните објекти – изјавиле од српското МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст