Мажите се визуелни суштества, кои обожаваат да ја гледаат жената во провокативна долна облека, па во тој контекст, ви ги откриваме омилените 7 парчиња по кои буквално „полудуваат“!
1 Чорапи со подврски
Ова се едни од основните парчиња долна облека што секоја девојка треба да ги има. Mожете да ги комбинирате со речиси сите видови долна облека и така да го зачините сексот. На мажите им се допаѓаат затоа што покриваат токму онолку колку што е потребно, а малиот разголен дел помеѓу чорапите и гаќичките е доволен за да ги испровоцира.
2 Самодржечки високи чорапи
Самодржечките високи чорапи се облека по која лудуваат мажите. Доколку немате трпение за чорапите со жартиер, или ви изгледаат премногу комплицирани, високите чорапи се изборот за вас. За мажите се еднакво привлечни поради горе споменатата умерена доза на голотија, а можете да избирате од многу видови и дезени. Доколку сакате да бидете класично секси, одберете некој од моделите од тантела, а за покежуал варијанта, одберете памучни или плетени.
3 Корсети
Корсетите отсекогаш изгледале секси и главната намена им е да ви го обликуваат телото, истакнувајќи ги вашите најдобри атрибути. Тие даваат дополнителна потпора во делот на градите, а го смалуваат струкот. Жиците на корсетот можат го отежнат неговото облекување, па добро е да имате некој за да ви помогне.
4 Боксерки и градник во иста боја
Доколку вашиот партнер смета дека повеќе е подобро, ова е совршениот избор за вас. Боксерките се меки и удобни, но истовремено и секси. Изберете секојдневни памучни, кои можете да ги искомбинирате со памучен градник, или одберете ја секси свилената варијанта со проѕирен градник. Супер удобни за вас, секси за вашиот партнер.
5 Ноќница
Ноќниците доаѓаат во толку различни форми и дезени што е тешко да се зборува за само еден модел. Главно се наменети за спиење, и можете да ги носите со или без долна облека одоздола. Некои се тантелни, некои свилени, а други се меки и памучни. Женствени и секси, ноќниците може да ги прикријат вашите маани, или, доколку се потесни, да ги истакнат вашите најдобри делови.
6 Проѕирен комбинезон
Проѕирен комбинезон што слободно паѓа надолу во комбинација со танга ќе ви го даде оној кокетен, заводлив изглед. Повторно, можат да ги прикријат несаканите делови, а да ги откријат секси атрибутите – изборот на стил, материјал и боја е ваш.
7 Гаќички и градник
Гаќичките со градник во иста боја може да бидат провокативни и заводливи, и понекогаш еден ваков тантелен сет може да го разбуди вашиот сексуален живот. Танга или полутанга гаќичките можат да придонесат кон вашиот секси изглед, а вашиот партнер повеќе од сигурно ќе ужива во тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.