Тич Нат Хан е еден од најпознатите и најценетите зен-учители, кој истовремено е и поет и миротворец. Неговото главно учење е дека преку свеста можеме да научиме да бидеме среќни во сегашноста, а тоа е единствениот начин вистински да најдеме мир, како во себе така и во светот.
Во продолжение следуваат неколку мудрости од големиот учител, кои без сомнение ќе допрат до вашето срце:
„Никој не може да ни ја подари слободата, ние мораме сами да ја негуваме. Слободата е секојдневна пракѕика. Никој не може да ве сопре да бидете свесни за секој чекор или за секој здив.“
„На луѓето им е тешко да се откажат од своите страдања. Поради страв од непознатото, одбираат да страдаат од познатото.“
„Спознанието е секогаш возможно. Малите спознанија ќе ве одведат до поголеми. Ако дишете и сте свесни дека сте живи, тогаш ќе ја почувствувате магијата на животот, а тоа е еден вид спознание.“
„Многу луѓе живеат, а не се свесни за животната магија.“
„Можете да живеете среќно во овој миг и на ова место. Толку многу предуслови за среќа ни се на дофат, што се повеќе од доволно токму во овој момент да бидеме среќни. Не мора да ја чекаме иднината за да ја дочекаме среќата.“
„Луѓето страдаат затоа што се заробеници на своите сфаќања. Штом ги отфрлиме тие сфаќања, стануваме слободни и повеќе не страдаме.“
„Самосвеста ни овозможува да живееме во сегашноста. Секогаш кога сме самосвесни можеме да ја препознаеме моментната среќа.“
„Можеме да живееме само во сегашноста. Затоа треба да живееме така што секој чекор во животот треба да нè води до ова место и овој момент.“
„Кога сакате некого, најдоброто што може да го понудите од вас е вашето присуство. Како може да сакате, а да не сте присутни?“
„Да сте сакан, значи да бидете препознаен како битие кое постои.“
„Секоја ваша мисла, сѐ што кажувате, сѐ што правите, има ваш печат.“
„Мора да продолжиме да учиме. Мора да живееме со отворен ум. И мора да сме подготвени да се ослободиме од сопственото знаење и така подобро да ја разбереме реалноста.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.