| четврток, 6 декември 2018 |

Пет тренда кои ќе го променат светот во 2016

На крајот на 2015 се случи геополитички пресврт кој може да го смени светот повеќе отколку што сме биле сведоци по пропаѓањето на железната завеса. Цврстите верувања и вредности низ целиот свет се ставени пред искушенија. Со ваква огромна промена на промена на правецот, каде одиме?

Ова се петте големи настани кои најверојатно ќе ја дефинираат нашата блиска иднина и ќе влијаат на односите во светот во догледна иднина. Наведени се како што се појавуваа, а не според важноста или влијанието.

1. Пропаста на кинеската берза
2. Пад на цената на енергенсите
3. Руската воена интервенција на Блискиот исток
4. Терористичките напади во Париз и Сан Бернардино
5. Кандидатурата на Трамп

Ќе се осврнеме на секој од нив заради пораката која ја праќаат, но прво накратко ќе дискутираме за најосновната промена во односите во светот – инцијативата. Во воените операции и односите во светот, иницијативата е неопходна за успех. Оние кои имаат иницијатива можат да ја контролираат битката или геополитичата ситуација, со барање нивните противници да реагираат на нив наместо обратно. Оттука, оние со иницијатива имаат огромна предност во конфронтацијата. Заради ова, најважни фактори кои треба да ги бараме за да ја објасниме причината на настаните каде не водат, се следниве:

1. Кој ја има иницијативата?
2. Кои се нивните намери или цели?
3. Кои се нивните ресурси и стратегии за одржливост на иницијативата?

Сега ќе го разгледаме секој од петте настани кои сега имаат најголемо влијание во светот и нивните потенцијални консеквенци.

Крахот на кинеската берза

Економскиот раст на Кина беше клучен фактор за влијание врз светската економија во овој век. Без тоа, опоравувањето по 9/11 или финансискиот крах во 2008 ќе беа многу потешко, ако не и невозможно. Кина сега е една од најголемите економски сили во светот, и е ривал за влијание и на САД и на Европа.

Фактори: На 12 јуни 2015, Шангајскиот индекс изгуби една третина од својата вредност. Тој се поврати, но така започна најтурбулентната опасност на некој голем пазар можеби во овие модерни времиња, па дури и го засени крахот од 1929 година. Да се разбере причината за тоа и влијанието врз економијата во светот е важно зџа сфаќање за тоа што можеме да очекуваме светската економија да стори во догледна иднина.
Во еден извештај се проценува дека сто милиони кинески инвеститори биле виртуелно зришани тој ден. Многу повеќе од оваа бројка биле исто тешко погодени од овој крах. Кинеската економија произвела многу милионери и милијардери и создала и ја проширила средната класа побрзо од било која економијата во историјата. Тоа извлече многу луѓе од сиромаштијата за краток рок – што е навистина восхитувачко постигнување.

Кина исто создаде огромен број конзументи кои ја движат индустријата низ светот. Крахот од јуни, драматичното опоравување, и потоа уште пострашниот крах по неколку недели доведе до раб на нерви многу луѓе и тоа не само кинези – тоа беше аларм за секого кој ја разбира вкрстената поврзаност на економиите во светот. Несомнено ова ќе има длабоко влијание на брзиот раст на потрошувачката на кинезите на добра низ светот, но со големи ограничувања.

Западните медиуми едвај го одбележаа овој значаен настан, можеби затоа што околу 1,5 проценти од кинеските стоки се чуваат надвор од Кина. Друга причина е контролата на Кина врз своите медиуми. Во слободниот свет, паниката може да биде создадена и поведена од медиумите. Кина стави шепа врз своите медиуми, најверојатно за да се спречи уште полоша катасрофа. Тие исто набрзина сопреа со тргување со акциите на големите компании и акционери.

Оваа стратегија може да функцонира на краток рок, но недостигот од транспарентност исто поттикнува сомнежи, долгорочна загриженост, или страв дека тоа може уште повеќе да ги повреди пазарите. Кинеското раководство е доволно умно да го знае ова, но потенцијалот за катастрофа на краток рок беше толку голем што тие почуствуваа дека мора да преземат драстични мерки.

Кинеските власти за крахот ги обвинија гласините и неоснованиот страв. Ако е тоа точно, тогаш стравот и озборувањата секогаш ќе бидат проблем за кинезите без транспарентност. Нивните пазари се стабилизираа заради контролата, но факторите кои го иницираа сето ова бран на шокови не беа спречени – недостигот од транспарентност расте и вистинската вредност на нивната валута, јуанот, дополнително беше заштитен од нивната влада.

Иако е импресивно колку добро кинеската влада се справи со крахот без претходно искуство со нешто слично, неодамнешната одлука на ММФ да го назначи кинескиот јуан како валута за резерви изгледа е повеќе политичка отколку економска. Ова изгледа како потег за помош за стабилизирање на јуанот, но ова може исто така да има дестабилизирачки ефект на другите светски валути – ќе видиме.

Не е тајна дека Кинензите би сакале да видат како нивната валута го заменува доларот како врвна светска валута за резерви. Дури и со нивните проблеми, тие одат кон тој пат заради премногуте регулативи и превисокото оданочување кое ја тресе американската економија.

Заклучок: Ова најверојатно нема да оди во прилог на американскиот долар или економија. Потенцијалниот ефект од превирањата на кинескиот пазар за да се дестабилизира остатокот од светот е присутен. И повторно, кинескиот економски раст и создавањето на толкава голема средна класа и база на конзументи, можеби се најглавниот фактор кој ја потресе светската економија по 2008 година. Основните економски индикатори укажуваат на пораст на кревкоста во светската економија во време кога една од нејзините економски двигатели, Кина, ќе забави.

Лизгање кон рецесија во 2016 не изгледа само возможно, туку и неизбежно. Опоравувањето по 2008 немаше да постои без Кина, и тоа е сеуште сепак само плитко, слабо опоравување. Сега светот нема да може да смета на растот на кинеската потрошувачка за свој спас.

Превирањата во Кина негативно ќе влијаат на светската економија со забавување на нивните конзументска потрошувачка. Истовремено, Кина ја користи иницијативата да стане светска валута за резерви со што им се дава се поголема изедначеност врз светската економија. Ова не е резултат на силата на нивната економија колку што е одлучноста на кинеското раководство. Како што точно кажа Доналд Трамп, „Нивните лидери се поитри од нашиве“.

Без голема промена во американската економска политика, Кина е во најдобра позиција да ја преземе и држи иницијативата во светската економија во догледна иднина. Ова е случува и покрај слабата природа на кинескиот јуан. Кинеските пазари за акции имаат повеќе врска со некомпетентноста на американските и европските економски раководства отколку со генијалноста на кинезите. Тоа што Кина за зграпчи иницијативата во светската економија по стадањето од такво драматично превирање во својата економија е јасен индикатор за видот на опасноста во која е светската економија.

Пад на цената на енергенсите

Напоредно со растот на кинескиот конзумеризам, во последно време падот на цената на енергенсите е голем двигател на светската економија. Ефектот е како да се вбризгува стимул од еден трилион долари во американската и европската економија секоја година. Заедно со „кванитативното олеснување“ (КО), со вештачкото намалување на скоро уште еден трилион долари во економијата секоја година, американската економија само за сантиметри оди напред, што покажува колку се заплеткани работите во нашата економска машина.

Падот на цената на енергенсите можеби ни дадоа повеќе време да ги средиме сериозните проблеми во економијата, но без одлучно раководство кое вистински ќе ги средува проблемите, неизбежно ќе настрадаме од најлошата економска катастрофа во историјата. Падот на цената на енергенсите се воглавно резултат од опаднатата побарувачка за енергија, што е сигурен знак дека голем дел од светската економија слабее.

Руската интервенција на Блискиот исток

Руската економија е разнебитена заради својата поставеност на нафтата, а падот на цените на енергенсите ја доведоа скоро до олапс. Сепак, Путин се покажа како најодличен светски лидер. Тој презема иницијатива во односите во светот и стана голе играч во светската економија.

Потегот на Путин на Блискиот исток не е само за поддршка на Асад, човекот кој се покажа како катастрофален за Сирија. Ниту пак неговата алијанса со Иран е резултат на неговата љубов кон тој режим. Тој брилијантно ја позиционира Русија да ги искористи и двете преку храбар чекор да и се закани на Саудиска Арабија и другите големи производители на нафта во регионот. Тоа ќе ги подигне цените на нафтата, а оттука и ќе ја спаси руската економија.

Ова е храбро и брилијантно, и одлучен човек како Путин има шанси да го оствари тоа. Неодамнешното соборување на руски воен авион од страна на Турција мо даде повеќе карти за игра. Забраната за одење на руските туристи во Турција може да ја уништи економијата на земјата. Тоа исто има потенцијал да создаде големи превирања во Нато, и на крајот обезбедување на руската јужна граница со доведување на Турција до капитулација и подоцна под руска контрола. Путин е доволно итар да игра со картите кои ги има за делење, и нема веројатност руско-турската криза дека ќе исчезне се додека Путин ја играа оваа голема игра.

Друг голем фактор е што речиси сите земји членки на НАТО се зависни од нафтата од Блискиот исток. Ако Путин е амбициозен (а изгледа дека е), тој може да го разбие Нато и да доведе повеќе од членките под влијание на Русија. Тоа ќе ја присили ЕУ да се повлече и да не се меша во неговите ации против Украина или некоја друга поранешна советска држава и истовремено да го ослободи да тргне во нови авантури.

Америка самата има моќ да му се спротивстави на Путин, но неговата одлучност заедно со инетрноста на американското раководство не може да му ја постави за него играта на масата. САД и Канада можеби сега можат да произведат доволно нафта за да ја поддржат ЕУ, за да не мора да зависи од Саудиска Арабија или руските енергетски извори, и со тоа да ја зајакне НАТО во време кога и е тоа најмногу потребно. Политиките како што се укинување на нафтоводот Кејстоун може да имаат лоши последици. И сосема на крајот, ова најверојатно ќе ја потврди големата пропуштена стратешка шанса.

Заклучок: Очекувајте цените на енергенсите да скокнат во 2016, иако тие можат да паднат уште подолу пред ова да се случи, заради се послабата светска економија. КОга ќе почнат да се враќаат на старо, цените може да се врата на претходното ниво побро отколку што паднаа. Ова ќе биде како сртување наопаку на стимулансите во најлошото време за западните економии, предизвикувајќи економски хаос во САД, ЕУ и во многу други држави.

На Русија не и треба енергија од надворешни извори, но и требаат цени на енергенси за да оди напред. Кина е очајна за достапна и ефтина енегија. Не залудно тие му се придружија на Путин во неговата авантура на Блискиот исток. Кина најверојатно наскоро ќе има виртуелна контрола врз Саудиска Арабија како дел од овој договор.

Разбирањето на силината на руско-кинеската алијанса, заедно со слабоста на американската, го свртува вниманието на светот кон Русија и Кина за преземање на водството. Крајниот резултат може да биде најлошата економска катастрофа во историјата на САД, но и на ЕУ. Истовремено, Русија може да се враѕи на здрави нозе економски, а Кина ќе стане најмоќната екононмска сила во светот како стабилен извор на евтина енергија (за нив).

Заедно, Русија и Кина систематски и ефикасно ја преземаат инцијативата во светската економија, а со тоа и со односите во светот. Ниту едно лидерство околу нас не може да смета на тоа. Ова е исклучителен геополитички пресврт кој сега се случува. Неговите импликации досегаат онолку колку и падот на железната завеса, но овој пат во корист на поранешните комунистички држави. Ова не доведува до вториот фактор кој ќе има големо влијание врз траекторијата на односите во светот.

Терористичките напади во Париз и Сан Бернардино

Каао може толку зла предизвикани од помалку од десет луѓе да имаат толку големо влијание врз односите во светот? Затоа што постои вакуум во водството. Кога претседателот Барак Обама ја искористи исклучителната платформа на обраќање од Овалната канцеларија во ударниот термин на медиумите, практично ништо да не каже освен нешто не треба да правиме, само порасна бројото на критичарите во Америка – и со право. Изгледа дека секој потег на администрацијата кои го прави да ги смири луѓето е контрапродуктивен. Тоа е затоа што повеќето луѓе се доволно умни да го разберат политичкиот обид да се излезе со политички коректна и брза одлука, наместо со реална стратегија.

И покрај тоа, нападите во Париз и Сан Бернардино ги разбудија луѓето. Ова будење помага да се отфрлат заблудите на нереалистичкиот идеализам и политичката коректност. Ова е суштинско за одржлива војна со која ќе биде победена Идил и други организации чија примарна цел е тероризмот.

Иако француското и британското раководство некого и разбудија, токму будењето кое се случува меѓу луѓето кое создава остро свртување кон десницата во Европа. Путин ја исмеваше Европа заради нејзните обиди за мултикултурализам, кое тој го нарече „културно самоубиство“. Се повеќе европејци се согласуваат со него. Сега не само Европејците, туку и Американците го гледаат Путин како лидер кој е поспособен да ја победи Идил и другите терористички организации.

Заклучок: Како што е поговорката, „Ако не го смениш правецот ќе завршиш токму онаму каде и си тргнал“. Натаму сега оди и овој свет – огромна економска пропаст на Западот заедно со соодветниот пад во изедначувањето на односите во светот. Ова има потенцијал да го дестабилизира населението заради неуспехот на владата да обезбеди безбедност и одбрана – што е нејзина најважна одговорност.

САД се уште ја има најмоќната економска машина на светот, но како што беше претходно кажано, претераната регулатива и премногуте даноци ја заплеткаа. Без раководство кое ќе ги смени и двете, Америка ќе продолжи со својот економски пад со се поголемата веројатност Европската унија да почне со фракирање и како и со Нато, да се дезинтегрира. Потребно е најневеројатно раководство во нашата историја да ја одземе инцијативата од партнерството Русија-Кина.

Ова не води до петтиот голем фактор кој ќе биде главен во 2016 година.

Кандидатурата на Доналд Трамп

Најверојатно или ви се допаѓа или воопшто не ви се допаѓа Доналд Трамп, но неговата канидиатура ни помага да ги сфатиме времињата како малку други нешта. Ви се допаѓал или не, неговата канидиатура е откритие на времето кое го занемаривме до наше исчезнување.

Слушнавме као медиумските бранители скоро преку ноќ рекоа дека „американскиот народ сака ова (или она)“, кога е очигледно дека тие немаат никаква допирна точка со американскиот народ. Ова се случува најверојатно затоа се обидуваат преку нив да го проектираат она што тие го посакуваат. Можеби нивна работа е да да ги разберат тековните настани, но луѓето со вистинска работа немаат време толку многу и длабински да разбираат. Тие често сакаат заклучок и да им веруваат на своите лидери дека знаат и ќе се грижат за деталите. Токму затоа едноставните пораки како „надеж“ и „промени“ функционираат толку ефикасно.

Она што изгледа дека секој го знае дека сме на брод без капетан, кога станува збор за најважните и најзакнувачкуте теми. Во времиња на конфузија и хаос, луѓето гравитираат до силно и одлучно раководство. Го сакале или не, Трамп е онаква личност кон која луѓето се вртат во такви времиња.

Неодамна беше објавено дека само во еден ден сите кандидати заедно биле спомнати во медиумите вкупно 2.500 пати. Истиот тој ден, Трамп бил спомнат речиси 65.000 пати. Тоа беше доминација во медиумите досега претходно невидена. Иако голем дел од објавите за него се негативни, ја сфатив пораката на Трамп. Тој речиси целосно ја контролира дискусијата.

Го сакале тоа за кое Трамп се залага или не, тој прикажува одлучност како никој друг негов противкандидат. Во време на мир, допадливоста често се смета како добар квалитет за кандидиатот. Во време на војна или криза, силината и одлучноста скоро секогаш победуваат. Токму затоа Велика Британија толку ја презираше надменоста на Винстон Черчил за време на мир, но скоро сите се свртеа кон него кога војната стана неизбежна.

Уште еден терористички напад на американска почва како оној во Сан Бернардино и Трамп ќе биде дефинитивно прогласен за републиканска номинација. Онака како што е трендот на настаните во 2016, тој може и да стане нашиот следен претседател.

Во зависност од вашите ставови, ваквото сценариот претставува или голема шанса за САД да ја поврати иницијативата во односите во светот и економијата, или тоа ја претставува најголемата опасност. Настаните кои ќе следат ќе разјаснат што е што, но условите кои ќе водат кон време кога силно, одлучно раководство ќе ја преземе иницијативата ќе доминира во иднина.

Постојат и други фактори кои ќе влијаат врз сегашните настани и трендови. Многу од нив можеби ќе прераснат и во главни, но сега засега, ова е кратка проценка на големите трендови од денешна перспектива.

morningstarminstries.org

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top