Гемолошкиот институт во градот Коломбо потврди дека е пронајден скапоцен камен од 1.404,49 карати, најголем досега. Вредноста на сафирот се проценува на 100 милиони долари, а моменталниот сопственик верува дека на аукција ќе го продаде за 175 милиони долари.
Гемолозите од Шри Ланка тврдат дека го пронашле најголемиот ѕвезден сафир досега.
Годишната вредност на индустријата за скапоцени камења во Шри Ланка изнесува 103 милиони долари годишно, а сафирите се најзастапени во извозот. Сините ѕвездени сафири името го добиле по препознатлицата ознака во нивниот центар.
– Кога го видов сафирот, решив дека мора да го купам. Штом го видов, помислив дека би можел да биде најголем на светот. Ризикував и го купив – изјави сопственикот кој сака да остане анонимен. Тој не откри колку го платил.
Синиот сафир е пронајден во Ратнапур, на југот од Шри Ланка. Овој град е познат како град на скапоцени камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст