Михајло Михајловски е нов претседател на регионалната СЕХА лига. Одлуката беше донесена на денешното Собрание одржано во Скопје.
Михајловски на оваа функција доаѓа на местото на Санди Шола кој поднесе оставка поради криминалната афера во „Карловачка банка“.
Нов спонзор на СЕХА лигата е рускиот „Газпром“ кој ќе ги сноси трошоците за патување и сместување на клубовите доколку тие го исполнат условот да обезбедат по 2.000 гледачи на натпреварите како и да се вршат директни преноси од половина натпревари во ова натпреварување.
„Газпром“ обезбеди и вредни парични награди за најдобрите екипи. Шампионот ќе добие 35 илјади евра, другиот финалист 25 илјади, третопласираниот 15 илјади, додека четвртопласираниот 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


