| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО молчи – дали Заев воопшто ги предаде прислушуваните разговори?

katica-janeva-kol173-740x320

Специјалното јавно обвинителство молчи за тоа што им предаде Заев во шесте картонски кутии на ден пред Нова Година, пишува порталот Пресс 24.

На прашањето на порталот дали Заев ги предал предал сите 600.000 прислушувани разговори за кои на почетокот на минатата година тврдеше дека ги поседува, во Специјалното обвинителство владее молк.

Од таму, се што ни одговорија беше дека примиле 6 картонски кутии и еден хард диск.

„Она што во овој момент можеме да го соопштиме е дека од страна на СДСМ предадени се трнаскрипти од разговори, кои беа сместени во 6 картонски кутии. Воедно доставен е и еден надворешен хард диск. Со оглед на сензитивноста на доставениот материјал, во овој момент нема да бидат соопштени информации за начинот на примањето на материјалите, како и начинот на нивно чување и постапување со истите. За сите натамошни дејствија, како и за одговорите на другите прашања, дополнително ќе бидете известени.“ – стои во одговорот на Специјалното Јавно обвинителство

Но она што денеска ни го соопшти Специјалното јавно обвинителство и не е некоја информација, особено ако се има предвид дека сите можеа да ги забележат активистите на СДСМ како во рацете носат 6 кутии. Она што никој не можеше да го види е колку разговори имаше во тие кутии. Останува без одговор и прашањето дали Заев навистина поседувал 600.000 телефонски разговори и ако ги поседувал, дали и ги предал на Катица Јанева. Ова прашање добива дополнителна тежина ако се знае дека Заев за чување на материјалите побара 1 кубен метар заштитен простор, а во Обвинителството донесе само 6 кутии. Геометриските пресметки велат дека за да се наполни еден кубен метар, на Заев ќе му требаат 60, а не 6 картонски кутии.

Ние повторно го прашавме Обвинителството појаснувајќи дека не не интересира содржината туку квантитетот на материјалите

„Ве молам за информација, без да навлегуваме во содржината на материјалите, колку телефонски разговори се снимени на хард дискот (согласно изготвениот записник за преземено дејство) и колку транскрипти имаше во картонските кутии. Значи не интересира само бројка, а не начинот на примањето на материјалите како и начинот на нивното чување и постапување со истите или пак содржината.“ – беше нашето прашање.

Но Специјалното обвинителство од само нему познати причини упорно молчи

„Како што Ви укажавме, во овој момент нема да бидат соопштувани детали и сеопфатна информација за сите прашања од интерес на јавноста дополнително ќе биде објавена.“ – стои во дополнителниот одговор на Обвинителството.

Останува нејасно, зошто Обвинителството ги крие овие информации, особено ако се знае дека Заев лично соопшти дека располага со 600.000 разговори, а записникот за примените материјали согласно законот е јавен документ, бидјеќи во него не се наведуваат детали за содржината на материјалите туку само квантитативни податоци.

Јавноста беше шокирана кога во компјутерот на осомничените за „Фабриката за афери“ беа пронајдени 70.000 снимени телефонски разговори во папка „СДСМ Заев“. Дополнителен шок беа и информациите дека дел од разговорите им се продавале и на криминални структури во земјава и регионот со цел подоцна со нив да бидат уценувани разни бизнисмени и политичари. Оттука, јавноста со право очекува одговори од Специјалното обвинителство, дали ги има добиено сите 600.000 разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top