Вчера во 15.25 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која В.К.(30) од Прилеп, управувајќи со „пасат“ со прилепски регистарски ознаки, загубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.К.(30) од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле Н.Т.(31) од с. Сенокос – Прилеп и возачот В.К, кои се пренесени во ЈЗУ-Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.