Најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед, посакува да се врати на патеките на кои беше неприкосновен на островото под капата на сер Алекс Фергусон. По неговото заминување формата е во надолна линија иако секој преоден рок управата на клубот издвојува големи суми за нови играчи.
Последната информација која ја пренесе „Ле Спорт“ е дека Манчестер јунајтед за летово подготвува неверојатна понуда од 140 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец. Нејмар се уште нема потпишано нов договор со Барселона, а како што стојат нештата екипата од „Олд трафорд“ е подготвена да сруши апсолутен рекорд околу трансфер сумите.
Наводно, пропаднале преговорите на Нејмар со Барселона за продолжување на соработуката, па еден од најдобрите светски фудбалери од следната сезона би можел да игра во Премиер лигата. Нејмар сезонава има постигнато 16 гола во 20 натпревари за каталонскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.