| четврток, 6 декември 2018 |

Дунавка, Игор, бившиот на Лила – што читавме во 2015 година

Колку песни и да создаваат, во колку претстави или филмови да играат – ниедна вест за јавните личности нема да е почитана и побарана од онаа поврзана со нивните приватни животи.

Ни 2015 година не беше поразлична од претходните. Со големо внимание се следеа светските настани, домашната политичка сцена, Куманово, мајмунчето Лука, дадилката…Но, тука се и вечно интересните вести поврзани со скандалите на македонската јавна сцена.

Ги издвојуваме петте кои ви го привлекуваа вниманието најмногу

5. Евровизија

evrovizija

Ни годинава не помина без турбуленции поврзани со овој избор. Откако заврши минатогодишната „Евровизија“ беше соопштено дека гласовите од Македонија и Црна Гора биле дискфаликувани поради тоа што биле само по пат на телевоутинг (повеќе тука). Нашиот претставник повторно не доби доволно гласови за да влезе во финалето, а ни на Детската Евровизија не постигнавме никаков успех, напротив завршивме последни. Следната година за Македонија повторно ќе пее Калиопи.

4. Ех, тој Деко…

10530772_873698125993156_8225604617956319856_n

Таа беше детска ѕвезда, тој, пак, момче на ѕвезда. Можеби веста за веридбата на Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски (повеќе тука) ќе беше интересна за јавноста само поради девојчето што ја испеа легндарната песничка „Ех, тој Тоше“, но сигурни сме дека поинтересно е кога се знае дека македонскиот ракометар некогаш ја заведувал и Лила Стојановска. Како и секогаш, водителката не остава имун ни еден Македонец.

3. Тамара

tamara1

Нејзините гради на каледнарот на „Пелистерка“ ја најавија 2015-та, за неа година полна со скандали, турбуленции, но и успеси на приватен и на професионален план. За Тамара Тодевска имаше што да се чита (повеќе тука). Прво брзо се сврши, за да се шушка дека ја раскинала веридбата, но и пријателството со моделот Катарина Ивановска. Потоа само месеци по свадбата, чаршијата пушти нов муабет за развод, гласини што исто така не се покажаа вистинити. Пејачката во меѓувреме го издаде вториот албум, направи прв и голем концерт и го очекува нејзиното прво дете.

2. Џамбазов

igor dzambazov

Будно се следи секоја нова вест за здравствената состојба на Игор Џмбазов. Тој беше опериран во „Филип Втори“, каде во јули му беше вграден стент на нозете (повеќе тука). Поради влошено здравје, неодамна поворно беше хоспитализиран, по што беше презакажан и неговиот највен концерт. Во исчекување на „Џамбо фестивал“ и заедничкиот проект со Весна Петрушевска и Тони Михајловски, сите му посауваме само да ни е здрав, жив и што побрзо на нозе.

1. Дунавка

dunavka 1

Се појави гласно и така и продолжи. Дунавка Трифуновска, самопрогласената мис на Македонија за „Мис Глоуб“, и во Тајланд ги остави сите подзинати, но тука нарави парче (повеќе тука). Неа и годеше вниманието, на јавноста, пак, издишката од проблемите. Она што остана е поздравот <> <> <>

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top