| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја го одби предлогот за разговори

Северна Кореја ја отфрли понудата на Јужна Кореја за разговори за намалување на тензиите во регионот. Пјогнјанг го обвини раководството во Сеул дека со предлогот сака да ја прикрие политиката на конфронтација што ја води во реалноста, јавува Дојче веле.

–         Со предлогот Јужна Кореја има намера да ги сокрие вистинските намери да вмаршира во северот на Кореја, изјави портпарол на севернокорејскиот Комитет за мирно повторно обединување на двете Кореи, за државната новинска агенција КЦНА.

Раководството во Сеул во изминатите денови повеќе пати ја нагласи подготвеноста за дијалог. Министерот за одбрана на Јужна Кореја Рјо Кил Јае притоа го повика режимот во Пјонгјанг на преговарачка маса за да се овозможи повторна нормализација на работата на заедничкиот индустриски комплекс во севернокорејскиот град Каесонг, кој се наоѓа во близина на границата со Јужна Кореја. Производството во комплексот кај Каесонг е целосно прекинато од вторникот (09.04) наваму. Тензиите во регионот значително се заострија по третиот атомски тест на Северна Кореја во февруари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top