Српско-македонска тепачка имало и во Италија во градот Пјаченца, каде што неименуван Србин прободел Македонец со нож пред локал, пишува српски „Блиц“.
Уапсениот на полицијата ѝ рекол дека Македонецот насилно се обидел да го натера да влезе во клубот, па затоа тој морал да извади нож.
Според неофицијалните податоци, жртвата излегла пред локалот за да запали цигара, а во тој момент дошол Србинот со автомобил и веднаш започнал расправија. Вербалната расправија кулминирала со напад со нож најпрво во десната нога, а потоа и во левата страна.
Србинот за време на нападот извикувал: „Ќе те убијам“.
Полицијата набрзо го уапсила Србинот, а во неговиот автомобил го пронашла и ножот со кој бил нападнат Македонецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.