Соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Бугарија на сите нивоа е исклучително добра, оцениле министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Гордана Јанкулоска и Цветан Цветанов, по билатералната средба што ја имале за време на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на Европската унија и на земјите-кандидати за членство во ЕУ.
Министерката Јанкулоска на средбата иницирала соработка меѓу двете полиции по примерот на соработката што Макеоднија ја има со полициите на Австрија и Германија, кое, како што оценила, може да биде од корист за двете земји, особено во поглед на борбата против прекуграничниот криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


