Како што јавуваат британските меидуми, земјотресот е регистриран во текот на ноќта на 29 километри западно од Импала, престолнината на индиската држава Манипур, на североисток од земјата, на границата со Мјанмар.
Граѓаните во паника бегале од своите домови, а спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат затрупаните лица од под урнатините, работејќи во отежнати услови, пред се, заради недостигот од струја и прекинот во телефонските и телекомуникациските линии, пренесуваат британските медиуми.
Полицијата и болниците во Имапла информираат дека засега во градот има шест жртви, додека 100 лица се повредени, од кои 33 посериозно.
Спасувачите се трудат да ги најдат работниците за кои се верува дека се затрпани под урнатините на една зграда во изградба, а не се сигурни колкав може да биде нивниот број.
Летовите од локалниот аеродром се одвиваат нормално, иако е урнат еден ѕид на краевите од комплексот, а на зградата од терминалот се појавила пукнатина.
Жителите на Бангладеш и Непал, исто така, истрчале од своите домови бидејќи земјотресот и таму се почуствувал. Медиумите во Бангладеш јавија дека три лица погинале, а 90 се повредени.
Официјални претставници во Мјанмар велат дека засега нема извештаи за штети или жртви од нивната страна на границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.