Мешаниот хор на културно- уметничкото друштво „Стив Наумов“ – Битола вечер ќе одржи Божиќен концерт во Прилеп.
Концертот е закажан за 18 часот во Храмот „Св. Благовештение“ каде хорот настапи пред две години.
– Крајот на 2015 година го одбележавме со новогодишен концерт на Широк Сокак во Битола, а новата 2016 година ја почнуваме вечер со Божиќен концерт во Храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп. За вечерашното гостување подготвивме хорски нумери од најдобрите композитори во православието, односно дела на Скаловски, Бадев, Рахмањинов, Мокрањац и други познати композитори, рече Љубомир Трифуновски, диригент на хоровите на КУД „Стив Наумов“.
Хоровите и оркестрите на КУД „Стив Наумов“ – Битола годинава ќе настапат во повеќе македонски градови, на битолското културно лето „БитФест“, а ќе гостуваат и во странство за што поддршка имаат од локалната самоуправа и надлежното министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст