Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир изјави дека неговата земја решила да ги прекине дипломатските односи со Иран по нападот на амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран откако беше убиен висок религиски шиитски лидер шеикот Нимр ал-Нимр.
Саудиска Арабија одлучи да ги “прекине дипломатските односи со Иран и бара заминување во рок од 48 часа на членовите на иранското дипломатско претставништво”, изјави министерот на прес конференција во Ријад.
Тој се повика на “негативното и агресивно мешање на Иран во арапските работи кои често повлекуваат деструкции и штети”. Нападите на демонстрантите врз саудиската амбасада во Техеран и конзулатот во Мачад се “флагрантно кршење на сите меѓународни конвенции”, рече тој обвинувајќи ги иранските власти дека ништо не сториле ова да го спречат.
Тензииите пораснаа откако во саботата беше погубен шеикот Нимр ал-Нимр, голем критичар на Ријад и тоа најмногу во Иран каде што беше нападната и делумно урната саудиската амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст