Над еден тон кокаин беше запленет синоќа покрај бреговите на Салвадор на четири моторни чамци, кои ја пренесувале дрогата од Колумбија за Централна Америка, соопшти колумбиската полиција.
Во заедничката полициска операција на Колумбија и Салвадор запленети се 1122 килограми кокаин. Чамците биле во близина на границата со Гватемала.
Во операцијата се уапсени 12 лица, вклучувајќи и еден жител на Еквадор, двајца Колумбијци и деветмина жители на Гватемала.
Според првичните информации чамците отпловиле од јужниот дел на Колумбија, која е најголемиот светски произведувач на кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.