СВР – Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (44) од Ниш, Република Србија, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба во обид“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичните дела, соопшти МВР, пријавениот заедно со уште едно засега непознато лице ги извршиле на 31 декември во раните утрински часови на улица „Париска“ на подрачје на скопски Карпош.
Имено, првото кривично дело – тешка кражба на особено дрзок начин – во стан пријавениот заедно со Н.Н. лицето го извршиле на тој начин што откако дошле до влезната блиндор врата од станот со употреба на погоден алат ја отклучиле влезната врата од станот и влегле во претсобјето. На шкафчето во предсобјето пронашле една женска чанта која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче земале една машка јакна и незабележани од оштетените кои цврсто спиеле излегле од станот. На одморалиштето ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари, а потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во предсобјето на станот, по што истите го напуштиле лице местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.