| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го спречите опуштањето на дојките и нивното намалување

gradi

Со текот на годините, во повозрасни години, кожата на дојките се опушта, а тие свиснуваат и се намалуваат. За да го спречите овој ефект на стареењето, пробајте го овој проверен стар рецепт од нашите баби!

Прво, важно е да се знае дека туширањето и масирањето на градите со студена вода, во голема мера ги чува дојките стегнати и цврсти. Но освен оваа практика, можете да го засилите ефектот и со помош на јајца.

Имено, белката од јајцето има способност да ги извлекува вишокот масти, а жолчката има способност да ја хидрира.

Една од најважните својства на протеините од јајцето се нивната способност да ги „поправаат“ оштетените клетки и да ја затегнуваат кожата.

Ако имате проблем со опуштени гради, направете го следниот рецепт:

Состојки:

1 јајце

1 лажица мед

1-2 лажици маслиново масло

 

Постапка:

Изматете ги добро состојките во блендер. Нанесете ја оваа маска врз кожата од долниот дел на дојките и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со студена вода.

Оваа маска ја затегнува и ја прочистува кожата.

Овој третман применувајте го двапати седмични.

Извор: НМД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top