Студијата што е спроведена на Универзитетот во Тексас, наведува дека мажите сакаат жени со облини. Тие облини не се ни гради, а ни задник. Во процесот на студијата, на 100 луѓе им се прикажани фотографии од женски тела од која секоја втора има вдлабување на ‘рбетниот столб во пределот над задникот.
Психологот Дејвид Луис направил уште една студија, во која сакал да дознае дали мажите сакаат искривен ‘рбетен столб од 45,5 степени. На поголемиот број мажи им се допаднале жени со искривен ‘рбетен столб, без оглед на големината на заднината.
Ерик Расел, коавтор на студиите во соопштението за јавноста рекол:
„Ова ни овозможи конечно да докажеме дека мажите повеќе сакаат жени што имаат некакво искривување на грбот отколку голем задник.“
Првата студија покажала дека мажите повеќе сакаат облини кај жените, но тоа не било доволно.
„Мажите што претпочитаат жени со искривен ‘рбетен столб, избираат партнерки што се во состојба да им обезбедат потомство и се во состојба да бидат бремени повеќе пати без повреди.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.