Ќе бидете подмладени, разубавени и освежени.
Не ги поднесувате дамките на вашето лице, ве нервираат лузните и изгорениците. Сега е вистинско време да започнете со третман кој до летото ќе направи вистински чуда за вас.
За овој лосион ви се потребни: 2 лажици свеж магдонос, 150 милилитри дестилирана вода, 100 милилитри лимонов сок, 0,5 децилитри 70 отстотен медицински алкохол.
Магдоносот исечкајте го на ситни парчиња и прелијте го со дестилираната вода и алкохолот. Ставете ја смесата во стаклена тегла, изматете ја и оставете да преноќи. Следниот ден процедете ја течноста и додадете сок од лимон.
Лосионот се нанесува наутро на чиста кожа. Држете го лосионот во темен стаклен сад или шише. Секојдневно користење на овој неверојатен лосион ќе помогне да ви исчезнат лузните, изгорениците и дамките од кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.