| четврток, 6 декември 2018 |

УНЕСКО го прогласи Газни за центар на исламската цивилизација

Авганистански град Газни лоциран 125 километри јужно од престолнината Кабул, е прогласен за центар на исламската цивилизација од страна на УНЕСКО.

Во есента 2010 година, челникот на управата за заштита и реставрација на историски локалитети во Авганистан, Абдул Ахад Хаваси, соопшти дека во градот обновени се десет историски споменици и најави дека до крајот на 2013 година ќе бидат обновени 33 други историски објекти.

Како што претходно пишуваа локалните медиуми, во периодот меѓу 2010 и 2012 година во Газни паднале две историски кули, а на реставрацијата на спомениците на архитектурата никој никогаш не работел, а на повеќето места биле направени само прелиминарни топографски мапи.

Претходно се предвидуваше дека со прогласувањето на Газни центар на исламската цивилизација и завршувањето на реставрацијата на историските споменици целиот локалитет ќе започнат да го посетуваат илјадници туристи од целиот свет. Сепак, тоа не се случи поради безбедносната ситуација во градот

Авганистанската влада објави дека за реставрација на локалитетот и развивање на инфраструктурата во градот Газни ќе бидат вложени 200 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top