25- годишната С.А. од Куманово е тешко повредена откако возило излетало од патот. Пренесена е и задржана во Ургентниот Центар во Скопје.
Вчера околу 8 часот на обиколницата Скопје кај клучката Стенковец во правец према Велес, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Ауди А3“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 34 годишниот С.С. од Куманово излетало од патот.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката, 25- годишната С.А. од Куманово и истата е пренесена и задржана во Ургентниот Центар во Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Девојката на Саздо добила закани за сведочењето за неговото убиство
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



