| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не треба да готвите во алуминиумска фолија?

Не ја користете алуминиумската фолија за готвење пречесто – одбегнувајте ја колку можете повеќе!

За алуминиумот никој не помислува дека може да штети по здравјето, иако има сознанија дека одредени количества се содржат во водата, храната, воздухот…

Кога секојдневно телото е изложено на повеќе алуминиум, тогаш се акумулира во организмот. Иако телото има неверојатна моќ да се самопрочистува од токсини и тешки метали, сепак, и најздравиот организам си има граница.

Со текот на времето, алуминиумот се таложи во коските, органите и други телесни ткива. Раните знаци за труење со алуминиум вклучуваат слабост во мускулите, болки во коските, напади и конфузија. Кај децата ова труење може да предизвика заостанат раст и развој. Труењето со алуминиум може да предизвика и уште посериозни проблеми, како болести на мозокот, нервниот систем, анемија и проблем со белите дробови.

Ако консумирате премногу аспирин, лекови и мултивитамини, веќе сте во ризик да акумулирате премногу алуминиум во организмот. Покрај тоа, алуминиумот секојдневно го внесуваме преку храна а и голем број садови се направени од алуминиум.

При ретка и мала изложеност на алуминиум, нашиот организам совршено се ослободува од него. Но, како и да е, треба да се одбегнува зошто понекогаш не сме ни свесни за неговата изложеност.

Купувајте храна и намирници кои не се пакувани во алуминиумска фолија, а доколку готвите храна во алуминиум, веднаш по завршетокот на готвењето, префрлете ја храната во друг сад.

Не ја оставајте храната затворена во алуминиумска фолија (користете проѕирна).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top