Малку време му беше потребно на Јирген Клоп за да увиди дека ако сака Ливерпул да биде сериозен клуб, ќе мора што поскоро да доведе сериозен голман. Симон Мињоле е склон на катастрофални грешки, па затоа не е никакво изненадување што германскиот стратег го посочил токму ангажманот на нов чувар на мрежата како приоритет за јануарскиот преоден рок.
Иако во изминатиот период се шпекулираше со бројни имиња, сепак Клоп би сакал пред се да доведе нов голман, а дури потоа ќе ги разгледа и опциите на пазарот за останатите позиции. Како што јавуваат неколку англиски медиуми, желба на новиот менаџер на Ливерпул е на голот на „црвените“ да го доведе актуелниот голман на Барселона, Марк Андре Тер Штеген.
Станува збор за исклучително квалитетен чувар на мрежата кој сепак е резерва во Барса, поради што Германецот веќе во неколку наврати изјави дека би можел да си замине во клубот каде би имал далеку поголема минутажа. Клоп веќе разговарал со Тер Штеген и му ветил првотимски статус, но сета останува уште потешкиот дел од задачата – да се постигне договор со Барселона околу висината на трансферот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



