На сцената настапија и сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски, балетските солисти Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Дојчин Дочев (Бугарија)…
Режисер на настанот беше Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго,а костимограф Марија Пупучевска.
Присутните во преполната сала уживаа во најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и Калман.
На концертот кој беше збогатен со балетска претстава во фоајето на театарот, настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти, хорот и оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.
На 7 јануари во 12 часот пак, Македонската филхармонија ќе одржи Божиќен концерт кој исто така ќе се одржи на сцената на Македонскиот народен театар.
Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата „ Оревокршачка” од П.И. Чајковски, „Половецки танци” од операта „Кнез Игор” од А. Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда” од А. Глазунов, „Валс – фантазија” од М. Глинка и „Големата порта на Киев” од „Слики од изложба” на М.П.Мусоргски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст






