Уште повеќе морбидно од се е тоа што пред 24 години од споменатата болест починал неговиот роден брат Тома Здравковиќ.
-Како е можно да сум жив ако 12 години имам рак? Одамна ќе бев мртов. Што е чудно што сум измислил приказна? Јас од порано сум имал проблеми со простата но далеку од тоа дека имам рак. Сега сум сосема здрав. Продукцијата се исплаши дека ќе мора да ми плаќа операција и лекување па ме пушти надвор. Подобро е што тоа го измислив од што да се степав па да морав да плаќам илјадници евра казна за насилство. Од каде ми се мене тие пари – изјавил Новица Здравковиќ во емисија во живо откако бил исфрлен од реалното шоу Фарма.
Тој појаснил дека болеста ја измислил за да го исфрли продукцијата од шоуто како и дека немал намера да се самоубие како што кажувал како и дека сето тоа било дел од неговата глума.
Новица изјавил и дека единствено што му недостасува во животот е неговиот брат Тома.
-Секој ден ми недостасува се повеќе. Од кога тој почина не пробав ниту капка алкохол. Порано многу пиев. Тоа беше мојот порок. Алкохолот за малку ќе ми го уништеше животот. Брат ми го загубив, сестра ми ја загубив и имав само една одлука, а тоа беше дали и мене алкохолот ќе ми пресуди или ќе се откажам од него. Повеќе не пијам и не го малтретирам семејството – изјавил Новица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




