Шенон Доерти која ја паметиме по улогата на Бренд од серијата „Беверли хилс“ и Пру во „Волшебнички“ потполно се трансформираше. Актерката решила да открие која е причината за нејзината трансформација.
Тешко е да се заборави веселата тинејџерка Бренда од серијата „Беверли хилс“. Можеби сепак тешкиот карактер на актерката е она што остана највпечатливо по скандалозното однесување поради кое беше и избркана од популарната серија.
Малку потоа во кариерата, нејзината соработка со продуцентот на серијата „Волшебнички“ била завршена на сличен начин. Познато е дека таа со години водела бурен живот што пак на крајот оставило свои последици.
Имено, актерката се разболела. Шенон во август открила дека боледува од рак на дојка и тогаш на магазинот „Пипл“ му предала документација која докажува дека ја тужела компанијата „Танер Мејнстајн“ поради тоа што не и плаќале здравствено осигурување поради што не можела да прима медицинска помош.
Во тужбата пишува дека актерката во 2014 била известена дека ракот се раширил, а во тоа време не и било уплатено здравствено осигурување. Да го имала осигурувањето, ширењето на ракот можело да биде запрено, а би се избегнала мастектомија и хемотерапиите, низ кои сега мора да поминува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)






