| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Jонг-ун порача: Зголемувањето на нивото на животниот стандард е приоритет

Севернокорејскиот лидер Ким jонг-ун им порача денеска во новогодишното обраќање на своите сонародници дека зголемувањето на нивото на животниот стандард е негов главен приоритет, како и дека е неопходно да се направи пресврт во економскиот развој на земјата.

Тој во својот получасовен телевизиски говор не се осврна на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја, иако ја спомена важноста од развивање на различни офанзивни воени опции.

– Корејската работничка партија ги дава главните приоритети на подобрување на животниот стандард на луѓето меѓу милиони друг национални задачи – рече Ким.

Тој ја потенцира потребата од унапредување на производството и неефикасноста во серија сектори, од енергетика до земјоделство, сточарство и риболов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top